Осигурителните фирми ќе решат дали ќе им ги вратат парите на граѓаните што платија поскапо осигурување

Сообраќај, автомобили / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Околу 10 илјади возила биле осигурани во деновите кога осигурителните компании ја зголемија полисата за 15 проценти. Старата цена е вратена но останува прашањето кој ќе ги обештети граѓаните кои осигурале автомобил поскапо.

Предлогот за враќање на старите цени помина на Влада, се чека негово објавување во Службен весник. На ова бурно регираа фирмите од осигурителниот бизнис, со порака дека одлуката е директна закана за финансиската стабилност на секторот, објави Телма.

Тврдат дека одлуката за повисоката цена на полисата ја донеле бидејќи таа не е променета повеќе од 10 години, а нивните трошоци во меѓувреме пораснале. Но, анализата на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, покажа дека поскапувањето е неосновано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот