ВИДЕО | „Ја уби, а не си во затвор!“: Алек Болдвин вознемируван од пропалестинска активистка, се случил инцидент

Фото: Принтскрин/Икс/Твитер

Шокантна снимка се појави на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер. Сè се случило во кафуле каде на актерот Алек Болдвин му пришла жена која ги застапува пропалестинските ставови. Се случила сериозна и непријатна ситуација која кулминирала.

На снимката направена во некое кафуле, додека Болдвин плаќа за својата нарачка и го држи мобилниот телефон на увото, жената со својот мобилен телефон го снима и неколкупати упорно бара од него да каже „Слобода за Палестина“ и да го опцуе Израел и ционизмот. Кога девојката видела дека Болдвин ја игнорира, таа ја променила темата. Следното прашање е: „Зошто ја уби таа жена? Ја уби жената и не доби затворска казна? Нема затвор, Алек!“

Таа алудирала на тоа што Болдвин во 2021 година на снимањето на филмот „Рѓа“ (Rust) ја застрела снимателката Халина Хачинс. Одговорната за оружје на сетот Хана Гутиерез-Рид неодамна беше осудена на 18 месеци затвор, а случајот против Болдвин е во тек.

Таа не се откажувала: „Ослободете ја Палестина, кажи само еднаш Алек и ќе те оставам на мир. Ќе те оставам на мир, се колнам. Само кажи еднаш: ’Слободна Палестина‘“.

 


Видно изнервиран Болдвин им рекол на вработените да ја исфрлат жената од кафулето. Тој го напуштил локалот и ја замолил девојката да излезе.

„Знаеш дека тој е криминалец“, му се обратила таа на вработениот во локалот, па повторно му се обратила на актерот: „Ајде, Алек, само еднаш кажи ’Ослободете ја Палестина‘, те молам… и ќе те оставам на мир. Ослободете ја Палестина. Е**н Израел. Е**н ционизам. Те молам, кажи го тоа. Еднаш.

Болдвин на крајот ѝ рекол: „Можеш ли да ми направиш една брза услуга?“, и ѝ го одзел телефонот од раце.

Шокантната реакција на актерот е вирална на социјалните мрежи, меѓутоа, шокантно е и вознемирувањето што Болдвин го доживеал од непознатата девојка.

ФОТО | Алек Болдвин се пофали со новиот имиџ, па веднаш „го подбраа“: 100 отсто заслужи да си во затвор сега!

Алек Болдвин побара од судот да ги отфрли обвиненијата против него за убиството на Халина Хачинс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот