ВИДЕО | „Браво за Џими Фелон“: Ен Хатавеј доживеа непријатност среде емисија, водителот ја спаси ситуацијата

Ен Хатавеј во емисијата на Џими Фелон / Фото: NBC / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Американската актерка Ен Хатавеј (41) гостуваше во емисијата на телевизискиот водител и шоумен Џими Фелон (49), како дел од промотивната турнеја за новиот филм „Идејата за тебе“ („The Idea of You“).

Хатавеј ја глуми самохраната мајка Солен, која започнува врска со 24-годишниот Британец Хејс Кембел, кој го глуми актерот Николас Галицин.

Овој филм е базиран на истоимениот роман на Робин Ли од 2017 година. Актерката доживеа непријатен момент додека зборуваше за тоа и ѝ се обрати на публиката со прашањето: „Дали некој од овде ја прочитал книгата?“, по што настана тишина.

Николас Галицин и Ен Хатавеј во „Идејата за тебе“ / Фото: IMAGO / imago stock&people / Profimedia

Од изразот на нејзиното лице можеше да се заклучи дека е засрамена и изненадена од реакцијата на публиката. За среќа, Фелон се вмеша и ја спаси ситуацијата, велејќи: „Не, ние не читаме“. Тоа ја прекина тензијата, а актерката и публиката почнаа да се смеат.

„Ова е ‘Тунајт шоу’. Одете во емисијата на Стивен Колбер ако сакате да најдете луѓе кои читаат. Тука слушаме аудикниги. Дали се важи тоа?“, додаде водителот.

Хатавеј беше неверојатно благодарна поради тоа што Фелон ја извади од непријатната ситуација.

„Значи, филмот е базиран на книга“, продолжи Фелон, а актерката му одговори: „Што е тоа книга?“.

Многумина го пофалија водителот за одличната реакција во тој момент.

„Всушост, Џими Фелон со ова покажа дека е одличен водител“, „Ова беше многу паметна шега“, „Фелон одлично ја сфати својата улога во овој момент“, се дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот