ВИДЕО | „Ангелите живеат засекогаш“: „Београдски синдикат“ сними песна за трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“

Фото: Фејсбук/EPA

Српскиот хип-хоп состав „Београдски синдикат“ ја објави песната „Anđeli žive doveka“ непосредно пред годишнината од пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, трагедија која се случи на 3 мај минатата година.

Песната е снимена и објавена со согласност од родителите и семејствата на настраданите. Раперите најавија дека сите заработени пари од песната ќе ги донираат во хуманицарни цели.

„Песната е создадена во знак на сеќавање и почит кон малите ангели (и еден голем), трагично загинатите во ОУ ‘Владислав Рибникар’ на 3 мај 2023 година. Спотот за песната е снимен по повод годишнината од трагедијата, со согласност и поддршка на родителите и семејствата на загинатите. Сите приходи ќе бидат исплатени за хуманитарни цели“, велат од „Београдски синдикат“.

„Господи, чувај ги и благослови ги нашите деца и дај им го местото на ангелите кое го заслужуваат поради нивната невиност и добрина и не дозволувај никогаш да се повторат слични трагедии“, порачаа дополнително.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот