ФОТО | Хурем блесна во Кан: Турската актерка во впечатлив фустан извезен со шарени мониста
Во Франција започна 77. издание на Канскиот филмски фестивал на којшто се појавија голем број на истакнати имиња од светот на филмот.
Препорачано
Како и секогаш, на црвениот тепих на еден од најпрестижните фестивали, дамите се појавија во отмени гала тоалети, а меѓу нив се најде и популарната турска актерка Мерјем Узерли.

Мерјем која е најпозната по улогата на Хурем Султан во серијата „Величествениот султан“, присуствуваше на премиерата на филмот „Вториот чин“ и привлече внимание со својот беспрекорен изглед, иако многумина шпекулираа дека актерката користела ботокс и слични препарати за подмладување.

Турската убавица блесна во Кан облечена во долг, впечатлив фустан извесен со шарени мониста кои се во ритамот на ориенталниот стил. Мерјем во фустанот на „Мејзон Новаг“ со сини и златни тонови и со голем отвор на грбот изгледаше како излезена од бајките. Стајлингот го искомбинира со дискретен, но впечатлив накит, токму како што одговара на таков гламурозен изглед.
ФОТО | Грациозност, класа… Џејн Фонда на 86 години покажа што е отменост на црвениот тепих во Кан


