ФОТО | Алек Болдвин се пофали со новиот имиџ, па веднаш „го подбраа“: 100 отсто заслужи да си во затвор сега!

Фото: Профимедиа

Алек Болдвин (65) се пофали со нов имиџ на социјалните мрежи само неколку дена по завршувањето на снимањето на филмот „Rust“.

Американскиот актер ја избричи густата брада што мораше да ја има за потребите на снимањето, а на некои од неговите следбеници на Инстаграм не им се допадна новата објава.

Причината е трагичната несреќа која се случи на снимањето, односно фактот што Болдвин пред 18 месеци случајно ја застрела камерманката Халина Хачинс.

„Боже, колку беше добро да се избричи оваа брада“, напишал актерот, а набрзо почнаа критиките во коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

„Нема шанси да го гледам тоа ѓубре од филм. 100 отсто заслужуваш сега да си во затвор, а не да лежиш таму на креветот“, напишале тие.

„Подобро размисли колку ти, всушност, добро помина“, додале понатаму.

Во коментарите неговите следбеници тврдат дека американскиот актер е само желен за внимание и дека не ни размислува за тоа што направил на сетот…

„Оваа објава ми изгледа како лош обид да го привлече вниманието и симпатиите на следбениците“, го критикуваа во коментарите и прашаа дали некогаш размислува за семејството на починатата Халина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)


Да потсетиме, Алек Болдвин беше ослободен пред неколку недели од обвинението за убиство од небрежност на сетот на филмот „Rust“ во октомври 2021 година.

Болдвин ја застрела камерманката Халина Хачинс со реквизит на филмскиот сет, а во инцидентот беше ранет и режисерот Џоел Соуза. На снимањето на тој нискобуџетен вестерн, Болдвин вежбаше сцена со револвер и испука вистински куршум во Халина, која како последица на тоа почина.

Болдвин ја отфрли одговорноста за убиството, велејќи дека никогаш не го повлекол чкрапалото и дека Гутирез-Рид и другите експерти за огнено оружје требало да се погрижат да нема куршуми во него.

Специјалната обвинителка се повлече од случајот за фаталното пукање на Болдвин

ФОТО | Човекот кој на Болдвин му го даде пиштолот и порано имал слични инциденти – пиштолот „случајно“ пукал

Специјалната обвинителка се повлече од случајот за фаталното пукање на Болдвин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот