ФОТО | Човекот кој на Болдвин му го даде пиштолот и порано имал слични инциденти – пиштолот „случајно“ пукал

Веста дека актерот Алек Болдвин ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс и го ранил режисерот ја шокираше светската јавност.
Секојдневно излегуваат нови информации во врска со случајот со смртта на директорката на фотографија Халина Хачинс, која беше убиена на снимањето на филмот на холивудскиот актер Алек Болдвин од пиштол што требало да биде реквизит во филмот.
Пиштолот на Болдвин му го дал помошникот режисер Дејв Халс. Во медиумите беше објавено дека, според она што е внесено во судската евиденција, тој не знаел дека во пиштолот има вистинска муниција.
Пиштолот наводно му бил предаден на Болдвин со зборовите дека „оружјето е ладно“, што во филмски жаргон значи дека во него нема муниција.
View this post on Instagram
Сепак, сега се појавуваат нови детали за Халс, кои би можеле да фрлат ново светло на трагедијата.
Меги Гол, лиценцирана пиротехничарка која работи на производство на реквизити за филмски сетови, во изјавата за Си-ен-ен рекла дека за време на работата на антологиската серија „Into the Dark“ во 2019 година, Халс го занемарил одржувањето на безбедносните состаноци и не ѝ најавил на филмската екипа присуство на огнено оружје на снимањето, што морал да го направи според безбедносните протоколи.
Таа додава дека мајсторот за реквизити кога пиштолот бил потребен за пукање, тоа редовно го објавувал, како и дали се работи за пластична или гумена реплика.
Според неа, мајсторот на реквизитите често го предупредувал Халс дека не ги враќа реквизитите, вклучително и оружјето и дека не дава безбедносни соопштенија.
Гол исто така ја опишува ситуацијата кога на лиценцираниот пиротехничар на сетот му била потребна итна медицинска интервенција, а Халс барал од неа да продолжи со снимањето.