ФОТО | Нови детали за ужасната трагедија: Жената (42) што беше убиена од Алек Болдвин е Украинка

Алек Болдвин и Халина Хачинс/ Фото: Profimedia

Рано изутринава одекна трагичната вест дека познатиот холивудски глумец Алек Болдвин на сетот во текот на снимање, ја убил директорката на фотографија, Халина Хачинс, која работеше на бројни филмски остварувања, пренесуваа странските медиуми.

Алек Болдвин пукаше од реплика пиштол на филмскиот сет во Ново Мексико и ја застрела Халина Хачинс, а го рани режисерот Џоел Соуза, пренесоа локалните власти.

Според властите, Хачинс со хеликоптер е превезена во болницата на Универзитетот во Ново Мексико и прогласена за мртва, додека Соуза кој бил пренесен со итна помош во регионалниот центар „Кристус Ст.Винсент“  е згрижен поради повреда.

Халина Хачинс почина од прострелна рана, која ја здоби на снимањето на филмот „Rust“, а имаше 42 години. Родена е во Украина, а растена е на советската воена база. Студирала на Киевскиот национален универзитет и дипломирала меѓународно новинарство. Работела како истражувачки новинар.

Екипата изминативе денови е на снимање на филмот во Ново Мексико, а Хачинс на својот инстаграм -профил сподели видеа и фотографии од снимањето. На последното видео кое е поставено на оваа платформа, таа јава коњи со филмската екипа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halyna Hutchins (@halynahutchins)

„Една од предностите на снимање вестерн е да јавате коњи на слободен ден“ – напиша таа во својата последна објава.

Деталите за тоа зошто имало вистински куршуми во пиштолот  реплика остануваат неразјаснети. Ваков бизарен инцидент не е прв случај во Холивуд.

ВИДЕО | Андоновиќ: Во бизарна филмска сцена убиена актерка од страна на својот колега – во реквизитерскиот пиштол имало вистински куршуми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот