ВИДЕО | Андоновиќ: Во бизарна филмска сцена убиена актерка од страна на својот колега – во реквизитерскиот пиштол имало вистински куршуми

Алек Болдвин
Алек Болдвин по инцидентот / Фото: Твитер, Пирс Морган

Холивудскиот актер Алек Болдвин ја убил директорката на фотографија, Халина Хачинс за време на снимањето на вестерн филм во Ново Мексико во САД, кога испукал куршуми од реквизитерски пиштол. Режисерот на тој филм, Џоел Соуза е ранет во овој бизарен инцидент.

Инцидентот се случил за време на снимањето на вестерн филмот„Rust“( „Рѓа“) во округот Санта Фе, во Ново Мексико.

Во соопштението од продукцијата на филмот „Rust“ се наведува дека до несреќата дошло поради неправилна употреба на филмското реквизитерско оружје. Полицијата во соопштението наведе дека е рано да се каже за каков инцидент се работи.

Според инспекторите, немилиот настан се случил за време на снимањето на сцената која вклучувала употреба на реквизити за огнено оружје, кога се случило пукањето.

Во тек е истрага за видот на испуканите куршуми.

Портпаролот на шерифот од Санта Фе рече дека Болдвин разговарал со детективите. Засега не е покренато обвинение.

– Дојде доброволно и ја напушти зградата по испрашувањето, рече портпаролот.


42-годишната Халина Хачинс починала на лице место. Хачинс беше директорката на фотографија и има работено на бројни филмови.

Родена во Украина во 1979 година, Халина пораснала во советска воена база во Арктичкиот круг. Таа била студентка на Националниот универзитет во Киев и дипломирала меѓународно новинарство пред да започне да работи на британски документарни продукции како истражувачки новинар.

Подоцна се преселила во Лос Анџелес и дипломирала на Конзерваториумот на Американскиот филмски институт во 2015 година. Во 2018 година, била снимателка во „21th Century Fox DP“, а една година подоцна била избрана за една од sвездите во подем на списанието „Американски кинематографер“.

Ранетиот режисер Џоел Соуза е префрлен во болницата Крист Сент Винсент во Санта Фе и сè уште не се знае во каква состојба е.

Алек Болдвин е копродуцент и главен актер во филмот „Rust“. Снимањето било прекинато по инцидентот.

Ова не е прв бизарен инцидент од ваков вид во Холивуд

Во 1993 година, Брендон Ли (28), син на покојната ѕвезда во боречки вештини Брус Ли, почина откако беше погоден од куршум со калибар 0,44 додека снимаше сцена во филмот „The Crow“. Пиштолот требало да испука празно, но обдукцијата открила куршум што го погодил во близина на неговиот ‘рбет. И тогаш како и во сегашниот случај била ставена боева муниција во реквизитерски пиштол наменет за снимање филмски сцени. Истрагата сè уште трае.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот