Специјалната обвинителка се повлече од случајот за фаталното пукање на Болдвин

Алек Болдвин
Алек Болдвин/ Фото EPA-EFE/ALEC TABAK /

Специјалната обвинителка што го води случајот против актерот и продуцент Алек Болдвин – обвинет за убиство од небрежност на филмски сет – соопшти во вторникот дека се повлекува, како што побараа адвокатите на Болдвин, пренесува „Reuters“.

Пукањето со фатални последици се случи во 2021 година среде снимање на вестернот Rust кога беше убиена снимателката Халина Хачинс.

алек болдвин
Фото: Принтскрин / Instagram

Одлуката на специјалната обвинителка Андреа Риб доаѓа еден месец откога адвокатот на Болдвин поднесе барање за нејзино отстранување бидејќи таа е и пратеник во законодавниот дом. Тимот на Болдвин укажа на фактот дека се прекршува државниот устав доколку законодавец служи во друга гранка на власта.

Обвинителството во Ново Мексико, САД, минатиот месец се откажа од барањето казна за обвинението за недозволено ракување со огнено оружје.

Алек Болдвин
Алек Болдвин по инцидентот / Фото: Твитер, Пирс Морган

Окружното обвинителство во Санта Фе одлучи да поведе обвинителен акт само за убиство од небрежност за кое Болдвин може да добие казна затвор до 18 месеци и глоба од 5.000 долари според законот во Ново Мексико доколку биде прогласен за виновен.

Алек Болдвин и Халина Хачинс/ Фото: Profimedia

Одлуката за отфрлање на обвинението за кривично дело е донесена со цел да се избегне подолг правен спор со адвокатскиот тим на Болдвин.

„Приоритет на Обвинителството е да ја задоволи правдата, а не да им дава можност за хонорари на скапите адвокати од големите градови врз основа на наплатливите часови ангажман“, соопштија од Обвинителството минатиот месец.

Повлечено обвинението против Алек Болдвин: Дали актерот се спаси од максимална казна затвор?

Болдвин ќе продолжи со снимањето на „Rust“ и покрај обвинението за убиство на Халина Хачинс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот