ВИДЕО | Адвокатка за разводи открива: Треба да ги избегнувате мажите кои работат во овие професии

Фото: Принтскрин / ТикТок

Адвокатка за разводи, која има профил на ТикТок во едно од своите видеа наведе пет професии кои жените треба да ги избегнуваат при изборот на сопруг.

Иако јасно кажа дека тоа не е правен совет, адвокатката забележува дека пред неколку години видела статистички податоци за занимања и разводи и преку сопствените искуства во кариерата забележала дека има некаква врска.

„Она што го забележав меѓу овие пет професии е дека тие се понарцисоидни, имаат тенденција повеќе да контролираат. Тие обично потешко се справуваат со разводот“, рекла таа.

Таа смета дека жените треба да ги избегнуваат мажите кои се вработени во овие професии: пожарникар, полицаец, војник, хирург и пилот. Луѓето кои се занимаваат со овие професии се во некаква позиција на моќ над другите.

„Сите имаат заедничко тоа што луѓето во овие професии се ‘богови’ во нивната професија, нели? Ти си полицаец, се шеташ со пиштол, шеташ со авторитет. Ако си хирург, шеташ наоколу болницата… ти си главен“, рекла таа.

„Сите ве третираат со почит. Потоа доаѓате дома и одеднаш некој ќе ве замоли да го извадите ѓубрето. Мислам дека тоа е тешка транзиција“, додала адвокатката.

Но, таа повторно напомена дека овие податоци не мора да се точни, велејќи дека „ако сте во брак со човек од некоја од овие професии, тоа не значи дека сте осудени на неуспех“.

@attykkl local divorce attorney PSA #divorce #narcissist #EasyWithAdobeExpress #fypage ♬ original sound – KK

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот