ФОТО | Најинтересните велигденски обичаи во културите ширум светот

Велигденски традиции / Фото: EPA

Велигден е најважниот верски празник кој има исто значење за сите христијански верници – прославување на Исусовото воскресение. Сепак, тој се прославува на различни начини во различни култури ширум светот.

Велигденски јајца и празнични зајаци

Велигденските јајца се најголемо обележје на овој голем христијански празник. Според традицијата, домаќинките ги вапцуваат и украсуваат јајцата во текот на целата Велика недела, но најчесто на Велики четврток или на Велики петок.

Сепак, во западните земји вапцувањето кокошкини јајца веќе застарува и сè повеќе се користат јајца од чоколадо. За децата е интересен ритуалот во кој, наводно, Велигденскиот зајак им ги крие чоколадните јајца, па тие треба да ги бараат.

И јајцата и зајаците го симболизираат повторното раѓање.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Прослава со распнување

Една недела пред Велигден, католичките верници на Филипини имаат необичен ритуал – тие маршираат по улиците, облечени како римските војници кои седум дена марширале по улиците на Ерусалим и биле во потрага по св. Лонгин Стотник.

Исто така, ти ги реконструираат и страданијата на Исус Христос – мажите се камшикуваат по грбовите, носат дрвени крстови, а понекогаш го глумат и самиот чин на распнување.

Фото: EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Поливање со вода и камшикување со врба

Верниците во Словачка и во Унгарија имаат стар обичај да ги поливаат младите жени со вода и да ги камшикуваат со украсени гранки од врба, додека тие ги даруваат „мачителите“ со јајца и пијалоци, најчесто вотка.

Според старото верување, гранките од врба треба да им пренесат виталност и плодност на младите девојки кои сакаат да станат мајки.

Фото: EPA-EFE/Csaba Krizsan

Криминалистички приказни

Во далечната 1923 година, двајцата норвешки автори Нордал Григ и Нилс Лај го напишале криминалистичкиот роман „Bergenstoget plyndret i natt“ (превод: „Возот Берген ограбен во ноќта“).

Една недела пред Велигден, тие објавиле реклама за романот во најчитаниот дневен весник „Aftenposten“. Рекламата била толку веродојстојна, што голем број од читателите се збуниле и помислиле дека возот е навистина ограбен.

Оттогаш, Норвежаните создале традиција да читаат криминалистички приказни за време на велигденските празници.

Благодатен Оган

Чудото на слегувањето на Светиот Оган се случува секоја година на Велика Сабота, во Храмот на Светиот гроб во Ерусалим, а бројни верници од целиот свет пристигнуваат на оваа посебна православна служба за да го посведочат ова чудо.

Од кандилото на кое се појавува Благодатниот Оган, патријархот пали четири снопчиња по 33 свеќи и со нив им го дели Огнот на верниците што го очекуваат. Самото палење на свеќите го симболизира ширењето на христијанската вера.

Свет оган
Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Велигденските јајца и зајачињата како главни симболи на Велигден: Што всушност претставуваат?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот