Велигденските јајца и зајачињата како главни симболи на Велигден: Што всушност претставуваат?

велигден
Велигденски декорации / Фото: Pexels/Unsplash

Големиот христијански празник е пропратен со симболи чие значење многумина сè уште не го знаат – зошто јајцата, кокошките и зајаците се присутни во велигденските празнувања?

Денот на Воскресението на Исус Христос – Велигден е најголемиот христијански празник. Годинава православниот Велигден го славиме на 24 април, па повеќето од нас веќе ги украсуваат своите домови со соодветни симболи чие значење можеби и не го знаат.

Постојат неколку теории зошто зајаците, кокошките и јајцата или велигденските јајца се сметаат за велигденски мотиви, а ако се прашувате како се поврзани со овој свет ден, продолжете да читате.

велигден
Велигденски декорации / Фото: Pexels

Од јајцето доаѓа живот

Овие денови, боите за јајца први ќе исчезнат од полиците на продавниците. Традицијата на бојадисување јајца имс подлабока симболика – јајцата претставуваат будење и раѓање на нов живот и се сметаат за традиционален подарок кој сè уште се разменува меѓу домаќинствата. Во минатото, велигденските јајца си ги подарувале вљубените, бојадисани со соодветни симболи и пораки кои биле посебен подарок наменет за избраната личност.

велигден
Велигденски декорации / Фото: Unsplash

Зајаците како симбол на плодноста

Заедно со јајцата и кокошките и светлите пролетни бои, зајаците се едни од најчестите велигденски декорации во многу домаќинства. Покрај тоа што се омилен животински вид на божицата на пролетта, зајаците се и симбол на плодноста, што е една од главните причини зошто зајачето е неизбежна велигденска декорација. Некои ќе речат дека значењето на овој симбол треба да се бара уште во антиката кога, поради неговата брза репродукција, се сметало за свето животно на Афродита, а некои го објаснуваат како земска инкарнација на божицата на плодноста.

Цветните мотиви се исто така традиција која останала, а некои од најпознатите видови што ги избираме за дома во тие денови се лилјаните, лалињата и нарцисите.

Можеме да заклучиме дека сите овие мотиви се дел од народните обичаи кои опстанале во многу култури, вклучително и нашата, а веројатно ќе се сложите дека ова пролетно шаренило од бои буди посебна енергија и ги прави уште поубави подготовките за најголемиот христијански празник.

 

Повеќе написи на темата:

 

ВИДЕО | Бојадисајте ги јајцата со помош на ориз: Брза, лесна и прекрасна техника

 

ФОТО | Неколку едноставни, ефикасни и безбeдни начини за бојадисување јајца

 

Велигденски јајца: Како да спречите да не испукаат при варењето?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот