ВИДЕО | Бојадисајте ги јајцата со помош на ориз: Брза, лесна и прекрасна техника

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Оваа техника им дава неверојатно убава декорација на јајцата…

Пронајдовме одлична идеја за фарбање на јајцата. Освен што ќе им даде прекрасна декорација на вашите велигденски јајца, овој метод е и многу едноставен и брз за изведување.

Потребно ви е:

  • ориз
  • течна боја за јајца
  • неколку пластични чаши
  • чинија

Постапка:

Разделете го оризот во неколку чаши. Во секоја ставете и неколку капки боја и измешајте. Потоа ставете ги јајцата во посакуваната боја, поклопете со друга чаша или чинија и протресете.

Можете да ги фарбате во една или во повеќе бои, за поинтересна декорација.

Совет плус: Пред фарбање на овој начин, избелете ги јајцата за подобро да ја впијат бојата, или пак едноставно купете исклучиво бели јајца.

Погледнете ја целата постапка во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот