ФОТО | Неколку едноставни, ефикасни и безбeдни начини за бојадисување јајца

велигденски јајца
Велигденски јајца / Фото: Pexels

Декорирањето јајца е една од најинтересните велигденски традиции, но некои техники за боење јајца вклучуваат состојки кои ги прават јајцата небезбедни за јадење… Бидејќи непотребниот отпад од храна е нешто што дефинитивно е препорачливо да се избегнува, затоа попрво треба да се прибегнете кон природните, сосема безбедни методи за боење јајца, кои исто така даваат одлични резултати.

Кога не сте сигурни за начинот на боење и украсување на велигденските јајца, но и за храната воопшто, најдобро е да го следите следново правило – не користете нешто што не сте сигурни дали ќе го загрози здравјето на конзументите. Кога станува збор за јајца, треба да бидете особено внимателни затоа што хемикалиите лесно може да навлезат во лушпата од јајцето. За среќа, многу е лесно да се направат обоени јајца кои се убави и се сосема безбедни за јадење.

Секој од овие методи на боење јајца може да се користи со тврдо варени јајца, па можете да ги вратите во фрижидер и да ги јадете подоцна.

Јајца бојадисани со шлаг

Овој метод првично вклучува пена за бричење, но замената на пената со шлаг дава одлични резултати. Во сад за печење додадете го шлагот, на површината ставете ги капките течна прехранбена боја и измешајте за да се соединат. Потоа валкајте ги јајцата во обоениот шлаг.

Јајца од инстант тенџере

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Brown (@mondayismeatloaf)

Ако имате мултифункционален сад со инстант тенџере за многу кратко време ќе имате јајца обоени без грешка благодарени на еден од најлесните методи. Бидејќи единствените состојки се вода и прехранбени бои, тврдо варените јајца ќе бидат сосема безбедни за јадење.

Природни бои за јајца

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jana T (@cuminandsmiles)

Не ги фрлајте лушпите од кромид! Оваа сезона свртете се кон природните и безбедни методи, со што воедно ќе имате помалку отпад. Сина боја ќе добиете од испасирани боровинки варени во вода или варена виолетова зелка со две лажици оцет, за потемна зелена нијанса, сварете го виолетовиот кромид со две чаши вода и две лажици оцет, портокалова боја ќе добиете од жолт кромид сварен во вода и две лажици оцет; комбинацијата од кафе и оцет ќе ви даде кафеава боја. Комбинациите се навистина многубројни.

Јајца обоени со ориз

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophia • Pacem (@pacemkiki)

Ако имате обичен сув ориз во оставата, пробајте го овој метод – ставете ориз во пластична чаша, додадете неколку капки прехранбена боја, додадете едно јајце и нежно протресете.

Шарени јајца во масло

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elin Bergqvist (@funkisskolan)

Тајната на шарените велигденски јајца се крие во вашата кујна. Направете боја за јајца со комбинирање на бел оцет и прехранбена боја. На крајот, потопете ги обоените јајца во мешавина од растително масло и вода за да создадете прекрасен, мермерен ефект.

Јајца бојадисани со прехранбена боја

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Holly Ellis (@ellisacreshomestead)

Еден од наједноставните начини за боење јајца се состои од само три состојки и е многу едноставен. Измешајте боја за храна, оцет и вода за да создадете свои шарени бои за јајца. Потопете ги обичните јајца во добиената смеса (колку подолго ги оставите, толку подлабока и посилна ќе биде бојата. Ако сакате да добиете одредена шема, залепете ги јајцата со селотејп пред да ги обоите, кој подоцна ќе го отстраните.

Tie-dye јајца

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ColorKitchen (@colorkitchenfoods)

Овој метод е одлична забава и за најмалите. Завиткајте ги јајцата во хартиена крпа и посипете ги со мешавина од оцет и прехранбена боја – многу лесно, а и децата можат да ви помогнат. По бојадисувањето, задолжително вратете ги јајцата во фрижидер во рок од два часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот