ВИДЕОАНКЕТА | Зошто одбравте стручно наместо гимназиско образование?

Фото: Принскрин

За дваесетина дена завршува школската година за средните училишта. „Слободен печат“ ги праша средношколците од средните стручни училишта зошто одбраа да се специјализираат уште во средно, наместо да запишат гимназиско образование. Најголем дел од средношколците од мали знаеле која професија ја сакаат и затоа запишале стручно образование.

-Мене ме интересираат машинството или некои такви аспекти. Во средното „Владо Тасевски“ видов дека има машинска струка-вели ученик во ова училиште.

Девојка објаснува дека ја интересирала транспорт и шпедиција и многу полесно може некаде да се вработи и не мора на факултет.

– Во ова училиште има за електроника насока, а јас планирам во иднината со тоа да продолжам-вели момче од училиштето.

Ученичка вели дека сакам да работи сè што е поврзано со транспорт и шпедиција и не сакала гимназија.

– Сакам занает да имам, не ми се одеше во гимназија бидејќи сакам со струка, ми се допаѓаат машински енергенси и техничар-вели ученик.

Ги прашавме и професорите која е предноста на средно стручно образование.

– Децата веќе веднаш можат да се пуштат во производствен процес, вели еден од професорите.

Професорка од истото училиште вели дека децата имаат доста голема предност пред оние ученици што завршуваат гимназиско образование.

– Можат да се вклучат во работниот процес, односно на пазарот на трудот, да најдат работа, бидејќи постои побарувачка за сите три профили што се образоваат во нашето училиште-вели професор во училиштето.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот