Совршен распоред: Ова е најдоброто време од денот за секс

Секс
Фото: Jacob Lund / Alamy / Alamy / Profimedia

Една истражување го даде одговорот на прашањето: „Кој период од денот е најдобар за секс, вежбање, јадење и спиење?“, а резултатите се многу интересни.

Овој распоред го составила една компанија за здравје и благосостојба, која ги следела телесните часовници на 1.000 активни луѓе.

Студијата покажала дека 7.45 часот е најдобро време за појадок. Некои од луѓето би можеле да отидат на трчање претходно (7.15 часот), но некои претпочитаат да вежбаат во вечерните часови (18.30 часот).

Концентрацијата го доживува својот врв околу три часа откако ќе се разбудиме, па паметно е да ги оставиме најтешките работни задачи за околу 10 часот. Бидејќи нивото на стрес расте околу 11 часот наутро, тогаш би било добро да одвоиме малку време за опуштање.

Најдобро е да направиме пауза во околу 15.30 часот, но и во 20.15 часот, кога вообичаено повеќето од нас се опуштаат со омилената серија или емисија на телевизија. Во меѓувреме, многумина од нас сакаат да се дружат со пријателите после работа, па 18 часот е совршено време за пијачка.

Најдобро време за спиење е во 22 часот.

Ова се резултатите од истражувањето:

7 часот наутро – најдобро време за будење, идеално по помеѓу седум и девет часа сон

7.15 часот – најдобро време за трчање

7.30 часот – најдобро време за секс, бидејќи дотогаш ќе бидете будни и помалку нервозни

7.45 часот – најдобро време за појадок, кое треба да биде околу 45 минути по будењето

10.00 – најдобро време за работа бидејќи истражувањата покажуваат дека го достигнуваме нашиот ментален врв околу три часа по будењето

10.45 часот – најдобро време за релаксација, бидејќи тогаш нивото на стрес е највисоко

12.45 – најдобро време за ручек, околу пет часа по појадокот

15.30 – најдобро време за ужина/пауза

18.00 часот – најдобро време за пијачка, кога се релаксираме по напорниот ден на работа

18.15 – најдобро време за вечера

18.30 – најдобро време за вежбање бидејќи повеќето студии откриваат дека силата е на најниска точка наутро и постепено се зголемува до врвот во раните вечерни часови

22.00 часот – најдобро време за спиење

Доживејте незаборавен секс со помош на овој метод

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот