Најголемата љубов на Мишо Ковач: Поради неа го растурил првиот брак, а сѐ завршило со ужасна трагедија

Мишо Ковач / Фото: Инстаграм/Мишо Ковач

Цела Југославија зборувала за нивната љубов. Додека некои ги поддржувале, многумина и ги осудувале. Но, се чини дека нивната љубов била осудена на пропаст уште од самиот почеток, пишува „Стил“.

Кога се запознале, Мишо Ковач имал 30 години, а Анита Батурина имала само 18 години. Но, најшокантно било тоа што хрватскиот пејач сѐ уште бил во брак.

Според многумина, Батурина била девојка со нереална убавина и харизма, а тоа го поткрепува и фактот дека била прогласена за најубава Југословенка.

Таа се занимавала со манекенство, а кога на еден од натпреварите ја прашале дали има момче, таа одговорила: „Да“. Станувало збор за Мишо Ковач.

Фото: Скриншот/Инстаграм/„Сплит споменар“

Иако делувала исполнето и среќно, во тој период ѝ се случувале многу непријатни работи во приватниот живот. Убавата манекенка и талентираниот пејач људо се заљубиле, па набргу и се венчале. Нејзиното семејство остро се спротивставило на оваа идеја. Нејзината мајка била против нивната љубовна врска и била убедена дека тоа ќе ѝ донесе само неволји во животот.

Од друга страна, Ковач сѐ уште бил во брак, но по еден настап собрал храброст и сѐ ѝ признал на сопругата. Веднаш потоа тргнал на двомесечна турнеја низ Србија и Босна. На некои од местата му се придружила и Анита.

Потоа, тие двајца се венчале и добиле две деца – синот Еди и ќерката Ивана. Тие живееле во луксузен стан во Загреб, а заедно го прошетале и целиот свет.

„Имавме многу ‘породилни болки’ кога се запознавме. Таа беше средношколка, јас бев оженет. Многу сакав да бидеме заедно“, признал пејачот во едно интервју.

Иако во тој момент сѐ делувало идилично, следувала страшна трагедија во нивниот живот. Имено, нивниот син Еди бил убиен за време на војните во Југославија, а „совршеното семејство“ се распаднало.

Потоа пејачот паднал во тешка депресија и пиел таблети за смирување.

„И јас пиев таблети цел месец [по смртта на синот], но еден ден се освестив и си реков дека вака веќе не смее да биде“, раскажала Анита за својот најтежок период од животот.

Веста, која одекнала како бомба неколку месеци подоцна, ја шокирала јавноста. Имено, Мишо Ковач решил да го напушти семејството и да ја најде среќата во прегратките на друга жена, астрологот Силвија Конте-Калви Марковиќ. Тој ја запознал сосема случајно и во неа видел личност која, конечно, ќе му донесе мир.

„Мишо само си замина од нашиот стан. По неколку дена, колку што ми требаше да го добијам на телефон, со Мишо се сретнавме во мотелот Плитвице на обиколницата во Загреб. Додека седевме на масата и додека го гледав, можев само да кажам дека не ми се верува дека ова му се случило. Мишо само накратко рече: ‘Ете, се случи’. Мене тоа никогаш не би ми се случило, си помислив тогаш, и заминав од мотелот. Тоа беше крајот на нашата љубов“, признала своевремено Анита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот