По 1.000 евра грант за дваесет компании од АЕТМ и Виза за отворање на Е-продавница

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, втора година по ред, објави Jавен повик за бесплатно отворање на е-продавници насловен „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси“ вол.2, кој се реализира во партнерство со компанијата Виза.

Јавниот повик е отворен за сите микро, мали и средни компании, кои сè уште не ги продаваат своите производи или услуги онлајн, со цел да добијат можност да отворат дополнителен продажен канал – е-продавница во рамките на локален маркетплејс или своја е-продавница со сопствено софтверско решение, да го зголемат своето онлајн присуство, да се во тек со последните трендови во е-трговијата и да ги зајакнат дигиталните вештини поврзани со е-трговија и дигитален маркетинг.

Јавниот повик се состои од поддршка на 20 компании со вредносни пакети од 1.000 евра за отворање нов продажен канал – е-продавница и учество на еднодневен едукативен практичен семинар.

Поддржаните компании ќе имаат можност да одберат да отворат нов продажен канал – е-продавница како дел од една од понудените маркетплејс платформи на Јавниот повик и да добијат маркетинг промоција со цел зголемување на е-продажбите или да отворат своја е-продавница со сопствено софтверско решение преку една од понудените ИТ-компании на Јавниот повик.

Отворањето на е-продавниците ќе се одвива во мај и јуни 2024 година. Еднодневниот практичен семинар „Сѐ за е-трговија“ ќе се одржи во јуни 2024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот