ВМРО-ДПМНЕ ветија реформи и иднина за сите, и СДСМ не се откажува од иднината

Иднина, европска иднина, иднина за сите, подобра иднина. Слична реторика, различни планови, иста цел – власт. Продолжува „додворувањето“ на граѓаните од страна на политичките елити.

Во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше носителката на кандидатската листа за Изборната единица 6 од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, при што истакна дека народот се обединува околу еден кандидат за претседател кој достоинствено ќе не претставува.

„Ние подаваме рака и повикуваме на обединување. Како ВМРО-ДПМНЕ сме обвинувани за антиевропска, за албанофобна партија. Од вчерашните анкети што се направени од изборните резултати докази за нас дека имаат гласано и другите националности што значи дека не е пречка припадноста на друга националност па и на друга политичка партија туку дека народот се обединува околу тоа да имаме еден кандидат за претседател, да имаме претседател на држава кој достоинствено ќе не претставува и чија што една од десетте постулати на нејзината програма е претседател на сите граѓани“, истакна Стојаноска.

Реториката на СДСМ е веќе добро позната. Нема откажување од иднината, ќе се бореле од нула. Тоа го кажа кандидатот за претседател Стево Пендаровски, а претходно зборуваше и партискиот лидер Димитар Ковачевски.

За слабите резултати од првиот круг Претседателски избори, на кои нивниот кандидат Стево Пендаровски доби околу 180 илјади гласови, изјави оти е „факт  дека граѓаните пратиле многу јасна порака која СДСМ јасно ја примил“. Очекува многу поголема поддршка во втор круг, во кој, рече, продолжуваат „со крената глава“.

– Ние ја примивме пораката во првиот круг на Претседателските избори за сите грешки коишто беа направени во текот на изминатите седум години. Седум години не е мал период на водење влада. Но, очекуваме со разговор со граѓаните во сите градови, во сите села во државата да ја добиеме поддршката во вториот круг за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски… Но, со крената глава продолжуваме во вториот круг, рече Ковачевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот