Хезболах соопшти дека извршил напад со дрон врз град во северен Израел, загинаа двајца војници

Газа / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Либанската група Хезболах соопшти дека извршила напад со беспилотно летало врз израелска воена позиција во близина на северниот град Метула. Израелската армија подоцна потврди дека во нападот загинале двајца војници.

Проиранската организација исто така соопшти дека истрелала десетици ракети преку либанско-израелската граница врз воени цели на територијата на Израел.

Израел и либанската групација, која собра огромен арсенал од 2006 година, во последните шест месеци си разменуваа секојдневни удари. Овој процес се одвива паралелно со војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа.

Израел ја започна својата воена операција во Газа откако милитантите на Хамас извршија напад врз еврејската држава на 7 октомври минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот