ВИДЕО: Карлос Алкараз без поголеми проблеми до третото коло во Мадрид

Карлос Алкараз/фото: EPA-EFE/Chema Moya

Одличниот старт на турнирот за шпанскиот тенисер Карлос Алкараз во Мадрид беше крунисан со победа од 2:0 против Александар Шевченко, Русин кој настапува за Казахстан, во сетови 6:2, 6:1.

На овој начин ја започна одбраната на титулата, која е многу важна за да се држи чекор со врвот на АТП листата.

Мечот траеше само 66 минути, а во првиот сет три брејка беа повеќе од доволни за Шпанецот да го скрши отпорот на својот ривал.

Во првиот сет Шевченко успеа еднаш да му одземе сервис на Алкараз, исто како и во вториот период од мечот, но потоа Алкараз дури четири пати направи брејк и така лесно го доби гемот.

Во третото коло Алкараз ќе игра со Тиагу Зајбот Вилд од Бразил кој со 2:0 го совлада Италијанецот Лоренцо Музети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот