ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Стојне Николова: „Лоша“ ја направив за младите во Македонија да слушаат повеќе наша музика

Стојне Николова/ фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Најновата песната „Лоша“ на пејачката Стојне Николова го најавува нејзиниот најнов трет албум кој се очекува да излезе до крајот на оваа година. Песната во јавноста излeзе спакувана со видео-запис снимен во Македонки железници.

– Спотот е снимен на едно автентично место, голема благодарност до Македонки железници кои но дозволија еден ден да снимаме. Излезе интересно и забавно, модерно … Оваа песна ја направив за младата публика кај нас да не слуша и нас не само соседството. Се надевам дека ќе им се допадне. А, на новиот албум ќе има различен тип на песни нема да бидат сите во стилот на „Лоша“ – вели Николова за „Слободен печат“.

Оваа млада пејачка со својата музика прошетала и пред публиката во Австралија и Америка.

Стојне Николова/ Фото: ”Слободен печат” / Драган Митрески

– Тоа е прекрасно искуство да се настапи пред нашинците во дијаспората. Среќна сум што со мојата професија имам можност да запознавам многу луѓе. Не е лесна нашата работа, но повеќе сакам да зборувам за убавите работи. Има многу интересни моменти на тие патувања, на пример последниот пат многу се смеевме кога бевме во Мелбурн. Се одлучивме да влеземе во казино бидејќи, јас не сум човек што сака многу казина, но ова ни го препорачаа како вистинска атракција, бидејќи е многу големо и интересно да се посети. На вратата се случи една непријатна, но во исто време и многу смешна ситуација, сите од колегите влегоа, а мене не ми веруваа дека сум полнолетна, па тоа ни остана како еден забавен момент од патувањето – вели таа.

Николова е млада пејачка која одлично се пронајде на македонската фолк сцена, но нејзината кариера започнува со поп-музика, вели дека не ја исклучува можноста да создава поп-песни, дури би и претставувало и задоволство да ја претставува Македонија на Евровизија. Стојне ретко да ја слушнете да пее некоја поп песна, но за нас направи исклучок, па во видеото подолу ќе имате ексклузивна можност да ја слушнете со една македонска песна од ретро забавната музика.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот