Фотографија ја открива страшната вистина: Вака изгледала Каси два дена подоцна откако Диди ја претепал

Каси и Диди во 2017 година / Фото: Profimedia

Вчера беше објавено шокантно видео од 5 март 2016 година, на кое Шон Комбс (54), познат како Диди, насилно ја напаѓа Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотел во Лос Анџелес. Два дена подоцна, двојката била видена на црвениот тепих на премиерата на филмот „Совршениот спој“ („The Perfect Match“) каде се држеле за рака. На фотографиите може да се види дека Каси има неколку модринки на телото.

Во застрашувачкото видео, кое можете да го погледнете овде, раперот е речиси гол, покриен само со крпа и ја брка Каси низ ходникот на хотелот „Интерконтинентал“. Таа се обидела да стигне до лифтот, но тој ја фатил за задниот дел од главата и ја треснал на земја. Потоа ја претепал додека лежела на подот пред да ги земе двете чанти со кои се обидувала да побегне.

Фото: Profimedia

Во својата тужба, Каси опиша слична ситуација која може да се види на видеото.

„Во март 2016 година, Комбс екстремно се опи во хотелот „Интерконтинентал“ во Сенчури Сити и ја удри Вентура во лицето, оставајќи ѝ помодрено око. Откако тој заспал, Вентура се обидела да ја напушти хотелската соба, но додека таа заминувала – Комбс се разбудил. Ја следел во ходникот и се дерел по неа. Ја зграпчил, а потоа зел стаклени вазни во ходникот и ги фрлил кон неа, при што стаклото се скршило околу нив додека таа трчала кон лифтот за да избега“, се наведува во тужбата.

„Видеото само го потврдува вознемирувачкото и предаторско однесување на г. Комбс“, рече адвокатот на Кеси , Даглас Вигдор за видеото.

„Нема зборови да се опише храброста што Вентура ја покажа кога излезе во јавноста со ова видео“, додаде тој.

Каси и Диди во 2006 година / Фото: Profimedia

Минатата година, Каси го тужеше Комбс за силување и голем број други прекршоци. Тие постигнаа спогодба само еден ден откако пејачката поднесе тужба во која го обвини раперот дека постојано ја напаѓал, ја тепал и ја силувал во последните десет години од нивната врска.

Во тужбата навела дека го запознала Диди во 2005 година, кога имала 19 години. Пејачката тврди дека тој ја контролирал и бил насилен со неа уште од самиот почеток. Таа изјавила дека ја терал на секс со машки проститутки, а тој го снимал тоа. Исто така, физички ја малтретирал и ја дрогирал.

Каси тврди дека Диди честопати „дивјачки ја тепал“. Наводно, сè се одвивало пред очите на неговите вработени, а Диди, според пејачката, често ја терал да го носи неговото огнено оружје во чантата „за да има на ум дека е способен тешко да ја повреди“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот