Култниот филм „Офицер и џентлмен“ со Ричард Гир ќе добие нова верзија: Познато е кој ќе го замени славниот актер

Сцена од „Офицер и џентлмен“ / Фото: LORIMAR / Christophel Collection / Profimedia

Култната романтична драма „Офицер и џентлмен“ во која главната улога ја толкуваше Ричард Гир, наскоро ќе добие нова верзија, потврдија од „Вараети“.

Главната улога во претстојниот филм ќе ја толкува Мајлс Телер, ѕвездата на филмовите „Ритамот на лудилото“ (Whiplash) и „Топ Ган: Маверик“ (Top Gun: Maverick). Сè уште не е познато кој ќе ја игра главната женска улога.

Оригиналниот филм беше премиерно прикажан во 1982 година и имаше голем комерцијален и критички успех. Актерската екипа ја сочинуваа Ричард Гир, Дебра Вингер, Дејвид Кит и Луис Госет Џуниор.

Приказната го следи Зак Мајо, млад човек кој влегол во американската поморска академија на воздухопловните сили. Поради неговиот див карактер, Зак често влегува во конфликти со претпоставените, вклучувајќи го и неговиот учител. Сè се менува откако Зак ја запознава Паула, млада работничка во фабрика која сонува да го напушти својот мал град.

Филмот „Офицер и џентлмен“ многумина го сметаат за претходник на Топ Ган. Филмот доби шест номинации за Оскар и освои две – една за најдобра песна и една за најдобра споредна машка улога.

Сценариото за новиот филм го напишаа Дејна Фокс и Мет Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот