Мириса на поскапа струја, но и на три часа евтина тарифа

Беслимоски ги демантираше, како што вели, највулгарните шпекулации дека цената на лебот е поврзана со цената на електричната енергија.

Веста дека државниот производител на електрична енергија дал повисока понуда за цента на струјата од 1 јули, за разлика од досегашната внесе вознемиреност во јавноста. Од нивната цена ,во најголема мера, важи крајната цена на домаќинствата и за малите потрошувачи, а новиот ценовник, како и секоја година се објавува на 1 јули.

Во очекување на крајните пресметки, претседателот на Регулаторната комисја за енергетика Марко Бислимоски смирува дека тие како регулаторно тело никогаш не дозволиле да има ценовен шок врз стандардот на населението и потсетува дека се поминати многу потешки времиња. Притоа, тој потенцираше дека се прават анализи и дека се очекува да бидеме прва земја во Европа во која ќе има три часа евтина тарифа.

– Донесена е Одлука на Владата со која ЕСМ би понудил количини електрична енергија на универзалниот снабдувач по цена 60 евра за мегават-час и ќе се обезбедат 85 проценти од потребите за домаќинствата и малите потрошувачи – објасни Бислимоски.

Сегашната цена по која ЕСМ ја продава електричната енергија е 57 евра за магават-час и тој сега снабдува 95 од потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Бислимоски вели дека него го загрижува тоа што сега ќе покрива 85 отсто, што значи дека 15 проценти ќе се снабдуваат на слободен пазар.

– Ме загрижуваат 15-те проценти што ќе се набавуваат на слободен пазар, ако се земат сегашните цени на пазарот, како и фјучерсите што во зависност од денот се движат од 80 до 90 евра за мегават-час, што е многу повеќе од цената на ЕСМ. Но, како и досега и сега ќе ги искористиме сите механизми да немаат ценовен шок за стандардот на граѓаните – вели Бислимоски.

Сепак, тој вели дека не може да даде детали околу новата цена од 1 јули, затоа што се уште има отворен тендер до 20 јуни, а потоа ги чека пресметките на универзалниот снабдувач – ЕВН хоум што ги снабдува со струја домаќинствата и малите фирми.

Бислимоски ги демантираше, како што вели, највулгарните шпекулации дека цената на лебот е поврзана со цената на електричната енергија.

– Најголемите производители на леб во државата своите потреби за електрична енергија ги обезбедуваат на слободниот пазар, тоа е преку 95 отсто од пазарот на леб. Во изминатиот период цените на електрична енергија на слободен пазар се далеку пониски од оние во 2021, 2022, или 2023 година. Просечните цени по кои се обезбедува електричната енергија цел месец се од 50 до 80 проценти пониски од изминатите неколку години – изјави Бислимоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот