ВИДЕО: Паднатиот ѕид кај Детска клиника под итно да го изгради Министерството за здравство, заклучија надлежните

Паднат потпорен зид кај детска клиника / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Министерството за здравство чии претставници не присуствуваа на денешниот координативен состанок во ЦУК по повод потпорниот ѕид на ул. Белградска, зад Детската клиника кој пред недела дена се урна и претставува опасност за граѓаните ќе мора да го изгради, како привремено решение за проблемот кој се таложел со години, како раснела населбата на ниските падини на Водно над Клиничкиот центар.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска зборувајќи за проблемот нагласи дека не треба решението да биде чиста козметика, и ги запраша присутните кој би се нафатил на парцијално решение па да биде одговорен за поголеми последици, туку се заложи за системско решение, зошто опасноста ја лоцира во погорните делови од населбата од каде каналската режа е прекината на неколку места и водата се слива кон улицата „Белградска“ и ги поткопува потпорните ѕидови.

-На состанокот требаше да присуствуваат стручни луѓе од областа на подземни води, геодезија и да се изврши ново проектирање на одводната мрежа зошто не знаеме со што се соочуваме. Површински се гребе проблемот, ништо не решаваме. Ако се реши каналскиот дел нема да се реши ништо за куќите над улицата, проблемот лежи во објектите кои се 300 метри погоре и со потпорни ѕидови и поголем габарит, рече Арсовска.

Координативен состанок во ЦУК за паднатиот потпорен ѕид кај Детска клиника/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

-Сметам дека Министерството за здравство треба да изгради потпорен ѕид. Решението ние како локална самоуправа му го издадовме на 13 јуни и пишува веднаш да се изврши. Министерството за здравство не постапило по член 98 од Законот за градење, односно преку тековно – инвестиционо одржување требало да се грижи за оваа градба. Ако МЗ не изгради потпорен ѕид, тоа ќе го направи Општината на негова сметка, децидни се од Општина Центар.

Градоначалничката Арсовска изрази подготвеност да соработува со Општина Центар за да се реши и проблемот со подземните води кои се веќе површински и тоа прашање останува на надлежните локални власти Град Скопје и Општина Центар за каптирање на водата на улицата Белградска и нејзино вметнување во постојната атмосферска канализација.

-Долгорочно проблемот е многу посериозен и поголем и станува збор за целосно зафаќање на подземните води од Водно зошто дел од каналската мрежа е изградена во 50-тите години на минатиот век е уништена, затрупана, а дел се одржува. Целосното одржување на тој систем во моментов немаме. Треба да се изгради целосно нов систем и тоа би траело со години, а можеби и деценија, но тоа е државен проблем кој ќе се решава во иднина. Акутно и веднаш може да се направи само поправка на оградата која е во наделжност на Министерството за здравство зошто е ограда за нивен еден објект, Универзитетската клиника и ќе мора да го решат, рече Драган Тарчуговски, државен секретар во ЦУК и додаде дека таков проект би можел да чини и до 10 милиони евра.

Веднаш по овој состанок во ЦУК заклучоците ќе бидат испратени во Министерството за здравство, но постапувањето ќе го чека новиот министер за здравство. Министерството за внатрешни работи од своја страна ќе помогне во регулирање на сообраќајот и безбедноста кога ќе започне зафатот со урнатиот потпорен ѕид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот