Русија предупредува: Следните услови за мир во Украина ќе бидат потешки

Сергеј Наришкин (Фото: Википедија)

Доколку сегашните мировни предлози на рускиот претседател Владимир Путин бидат одбиени, условите за следните ќе бидат потешки, изјави денеска директорот на Руската служба за разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин.

Истовремено, тој не кажа од кого треба да се прифатат или отфрлат предлозите за кои станува збор.

-Следните услови под кои може да се постигне мир и да се потпише некаков мировен договор ќе бидат покомплицирани за Украина и потешки, нагласи Наришкин.

Во исто време, тој рече дека денешната изјава на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека алијансата разговара за ставање на нуклеарно оружје во состојба на готовност е насочена кон заплашување.

-Треба да се однесуваме спокојно кон таа изјава, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот