Грчката опозиција бара истрага по извештајот за смртта на мигрантите на „Би-Би-Си“

Најголемата грчка опозициска партија бара истрага по извештајот на „Би-Би-Си“ во кој се открива дека крајбрежната стража предизвикала десетици смртни случаи на мигранти во текот на три години, повикувајќи се притоа на изјави на очевидци.

Се вели дека девет мигранти биле намерно фрлени во вода.

Шефот за имиграциска политика на Сириза рече: „Бараме длабинска истрага, бараме одговори, бараме одговорност.

„Ние се грижиме за целиот човечки живот и не можеме да се навикнеме на загубата на човечки животи, се вели во дел од коментарите на грчката опозиција.

Јоргос Психогиос изјави за „Би-Би-Си дека неговата левичарска партија со години барала одговорност за инцидентите на крајбрежната стража, по многу извештаи од меѓународни институции и организации.

Тој ја обвини владата која неговата партија ја нарече „антигрчка“, „агенти на Ердоган“ и „провокатори“ поради поставувањето на овие прашања.

Владиниот портпарол инсистираше на тоа дека тврдењата на Би-Би-Си не се докажани, но нагласи дека секоја жалба ќе биде проверена и ќе се извлечат заклучоци.

Екипа на „Би-Би-Си“ прикажа снимка која претходно ја објави „Њујорк Тајмс“ на која 12 лица се натоварени во брод на грчката крајбрежна стража, а потоа оставени на гумен чамец.

Грчката влада долго време беше обвинета за присилно враќање – туркање на луѓето назад кон Турција, од каде што преминале, што е нелегално според меѓународното право.

Но, ова е првпат „Би-Би-Си“ да го пресмета бројот на инциденти во кои се тврди дека жртвите се случиле како резултат на активностите на грчката крајбрежна стража.

Анализираните 15 инциденти – од мај 2020-23 година – резултираа со 43 смртни случаи. Првичните извори беа првенствено локални медиуми, невладини организации и турската крајбрежна стража.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот