ВИДЕО | Франција со автогол ја победи Австрија

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Франција слично како и Англија против Србија не блескаше, но дојде до минимална победа против Австрија од 1:0.

Не покажаа премногу Французите во првиот натпревар на Европското првенство. Прво се мачеа да дојдат до водство и на крајот тоа го направија со автогол. На седум минути пред крајот на првото полувреме Мбапе нафрли, а Вебер со глава си ја смести топката во мрежата.

Франција создаде неколку големи прилики и за издвојување е моментот кога Мбапе имаше ситуација „еден на еден“ противничкиот голман, но шутираше покрај голот.
Одличен на теренот беше Н’Голо Канте кој го имаше на секој дел од теренот и спречи неколку акции на Австријците.ж

Најважно за Франција е што на крајот ја оствари целта и дојде до три бода на стартот од првенството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот