ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Спасовски: Родителите беа против мојот избор да станам фризер, сега ми се најголема поддршка

Стефан Спасовски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини … се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал.

Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.

Стефан Спасовски е успешен фризер. За „Слободен печат“ вели дека инспирацијата за оваа професија му било следење на многу модни ревии. Ја следел и работата на многу познати фризери, коишто го мотивирале да ја засака уште повеќе оваа професија.

– Ова е професија каде што цел живот учиме. За време на моето образование, моите родители не ми дозволија да го учам ова, но затоа после моето официјално школување завршив многу приватни курсеви. Токму на тие курсеви се образовав во оваа професија. Тогаш можеби ја немав целата поддршка од родителите но затоа денес тие се моја најголема поддршка-вели Спасовски.

За професијата објаснува дека воопшто не е лесна.

Стефан Спасовски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

-Бара многу посветеност, внимание, внимавање во техниките на изработка на дел од фризурите, исто така дел и од техниките за колористика-вели Спасовски.

На младите им порачува да веруваат во себе и да го работат она што го сакаат и што ги исполнува.

Стефан Спасовски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

– Сонувајте и не се откажувајте од своите соништа-дециден е Спасовски.

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот