Почина музичката ѕвезда Пол Спенсер: Неговата најпозната песна ја знаат сите љубители на фудбалот

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Музичката ѕвезда и член на групата „Дарио Џи“, Пол Спенсер, почина од рак на 53-годишна возраст, пренесува „Скај њус“.

На Спенсер минатата година му беше дијагностициран рак на дебелото црево во четврта фаза и оттогаш тој редовно ги ажурираше следбениците за неговото здравје.

„Со голема тага соопштуваме дека денес почина нашиот сакан Пол Спенсер. Беше позитивен до самиот крај, но ова беше битка која повеќе не можеше да ја води. Зад себе остава прекрасно музичко наследство и многу среќни спомени за многу луѓе. Ќе им недостига на сите што го сакаа. Блесни, нашата голема ѕвезда“, напиша неговото семејство на социјалните мрежи.

Пол беше член на групата „Дарио Џи“ со диџеите Скот Росер и Стивен Спенсер, но неодамна го користеше уметничкото име Дарио Џи за своите соло настапи. Групата стана позната во 1997 година со хитот „Sunchyme“, а една година подоцна објавија песна за Светското првенство наречена „Carnaval De Paris“. Скот и Стивен потоа ја напуштија групата, а Пол продолжи да настапува под истото име.

Многу пријатели и колеги музичари се простија од Пол, меѓу кои и познатиот диџеј Сигала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот