Путин продолжи со кадровските промени во рускиот воен врв

Владимир Путин / Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Рускиот претседател Владимир Путин назначи нов прв заменик – министер за одбрана и тројца заменици министри, се вели во декретите објавени денеска на веб-страницата на руската државна администрација.

Според указот, Леонид Горнин е назначен за прв заменик – министер за одбрана на Руската Федерација, а заменици на министерот за одбрана ќе бидат Павел Фрадков, Ана Цивиљева и Олег Савељев, кој ќе биде и шеф на кабинетот на министерството, јавија руските медиуми.

Рускиот претседател ги разреши првиот заменик – министер за одбрана Руслан Чаликов, државниот секретар и заменик – министер за одбрана Николај Панков, заменик – министерката Татјана Шевцова, како и вториот заменик – министер за одбрана, генералот Павел Попов, кој е отпуштен и од воената служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот