ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Димовски: На Балканот се применува насилничка политика која кај младите промовира насилство

Владо Димовски / Фото: Слободен печат / Методиј Здравев

На Балканот политичарите одиграа една насилничка политика и тоа беше лоша порака за граѓаните кои од свој аспект видоа шанса во насилството. Младите пак тоа го гледаа и го копираа со зборовите „кога тие го можат зашто да не го правиме и ние“. Како споредба во регионот сè уште се работи на превенција, а поретко со строги закони. Како граѓански организации сме успешни, но намерата е државите да бидат подготвени соодветно да реагираат на манифестираниот екстремизам, изјави Владо Димовски раководител на проектот за едукација против насилен екстремизам во емисијата Слободен печат.

-Историски ако се навратиме во минатото ќе забележиме дека навивачките групи се оние кои применуваат насилен екстремизам. Во исто време за разлика од Балканот во европските држави со ригорозни мерки и строги закони насилството на стадионите или надвор од нив меѓу навивачите е сведен на минимум и тој всушност е реткост – посочува Димовски.

Димовски во разговорот во студиото на Слободен печат ја најави меѓународната конференција на која ќе се разговара за појавата на насилен екстремизам во Скопје.

– На оваа конференција учествуваат претставници на граѓански здруженија од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово кои се партиципанти во соодветен проект за превенција и едукација на ученици од врсничко насилство, насилен екстремизам и радикализам. Програма на овие активности ги опфаќа просторите каде што е изразен насилниот екстремизам. Тоа се држави од каде што заминуваат граѓани како обучени војници за учество во воени жаришта во светот. Нашата четири годишна работа се состои во активности со лица повратници и со членови на нивните семејства. Нашите активности се во координација со одредени државни институции со цел да им биде помогнато на овие личности преку ресоцијализација – рече Димовски.

Повеќе од разговорот со Димовски можете да го погледнете во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот