ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Земон: Жално е тоа што национализмот се враќа на сцена, не само во Македонија туку и пошироко

Рубин Земон / Фото: Слободен печат / Методиј Здравев

„Жално е тоа што национализмот повторно се враќа на сцена, не само во Македонија туку гледаме и на европските избори се зголеми бројот на националистичките партии. Либерализмот е во криза во Европа, па и во Америка може да се случи истиот процес како последица на интерес базиран на национализам, шовинизам, етноцентризам. Генерално, тоа е негативен процес за самото општество. Да не зборуваме што се не преживеавме ние на Балканот поради национализмот. Пред две-три години во Парламентот имаше иницијатива да се направат лични карти со етничка припадност. Сега истите тие луѓе зборуваат за чисти албански гласови“, рече Рубин Земон, професор и директор на Институтот за напредни истражувања во интервју на Слободен печат во соработка со Градска.мк.

Тој додаде дека жално е што мнозинството тој националистички вокабулар го прифаќа и дека нема доволно силни либерални струи кои би можеле да се спротивстават.

„Знаењата што ги имаше нашиот народ пред 30 години и сега што ги имаме општите знаења е катастрофално што се случува. Ги гледаме тестирањата на меѓународните натпревари во училиштата. Имаме секако и исклучоци, ни доаѓаат со награди. Генералната слика е дека нашето образование е на пониско ниво. Малку се читаат и книги. Со тоа се спушта нивото на толеранцијата и културата. Кога ние имаме диверзитет и ако не ги осознаеме културните вредности во нашето општество, ќе се појави тензија во општеството“, заклучи Земон.

Тој понатаму во разговорот појасни дека Институтот за напредни истражувања во Унгарија учествува во научно-истражувачки проект за европската интеграцијата на Западен Балкан.

„На четиримесечен престој сум на Универзитетот во Козик, Унгарија и таму спроведуваме еден научно-истражувачки проект за европската интеграцијата на Западен Балкан со помош на искуствата и знаењата на земјите на Средна Европа. Правиме истражувања од областа на литературата, на дебатите што се случуваат во последните година дена, како и на сите процеси што се случуваат. Воедно спроведуваме и еден истражувачки прашалник, затоа што сакаме мислење од академските кругови, од активистите од невладиниот сектор, и политички личности, за да видиме што можеме да искористиме од искуствата што ги има во земјите на Средна Европа, бидејќи имаме заедно минато“, рече Земон.

Тој додаде дека истражувачкиот прашалник се уште е во тек и се очекува дека до крајот на месецот ќе бидат достапни и резултатите.

„Ќе излеземе со заклучоци. Тоа што нас како Македонија не засега е тоа како Чешка, Полска и Словенија се справија со корупцијата, еден од најголемите проблеми што постојат кај нас. Имаме проблеми и со кадарот. Има и едно прашање во прашалникот а тоа е дали треба земјите од Западен Балкан стриктно да се држиме до Копенхашките критериуми односно специјални услови. Македонија ги има уставните измени, Србија го има прашањето со Косово, Босна да ги реши тензиите“, посочи Земон.
Тој заклучи дека Европа е прилично непропустлива во однос на корупцијата и демократијата на општеството.

Повеќе од интервјуто со Рубин Земон во линкот во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот