Ален Рустемовски освои злато на меѓународниот боксерски турнир „Златен Гонг“

Ален Рустемовски со златниот медал на „Златен Гонг“/фото: Национална боксерска федерација

Голем успех за македонскиот боксер Ален Рустемовски кој дојде до прво место на меѓународниот турнир „Златен Гонг“ во Скопје кој се одржа по 53 пат во периодот од 3 до 7 мај.

Рустемовски се закити со златниот медал откако триумфираше во три борби и запишани три победи на традиционалниот „Златен Гонг“.

Во категоријата 57 кг. во СЦ „Борис Трајковски“ Рустемовски во четвртфиналето со 5:0 го совлада Башким Бајоку од Косово.

Со истиот резултат во полуфиналето Рустемовски го совлада и Јапонецот Шудаи Харада, а во финалето славеше против Луар Алиу од Косово.

Покрај Македонија, на турнирот имаше и натпреварувачи од Албанија, Бангладеш, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Грција, Унгарија, Индија, Јапонија, Казахстан, Косово, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словенија, Шведска и Велс.

Трофеите за најдобрите боксери на турнирот завршија во рацете на Сандра Драбик од Полска и Кирил Глобенко, исто така од Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот