ВИДЕО | Путин положи заклетва за новиот мандат и порача дека Русија е отворена за соработка со Западот

Владимир Путин / Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Русија е подготвена да работи со Западот и „ние дури не одбиваме дијалог со западните земји“.Со овие зборови рускиот претседател Владимир Путин се обрати на денешната инаугурација во Москва. Тој вели дека Русија е подготвена да стане „чесен“ партнер со секој што сака.

Во меѓувреме додека повеќе од 20 европски земји ја бојкотираа инаугурацијата, седум земји, меѓу кои Словачка, Унгарија и Франција испратија свои претставници на церемнонијата во Москва. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција не е во војна со Русијa коментирајќи го настанот и објаснувајќи зошто Париз ќе има свој преставник на денешната инаугурација.

Како што пренесоа светските медиумиски куќи на инаугурацијата меѓу другите пристигнаа неговите пријател. Меѓу по звучните беше и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, понатаму холивудскиот глумец Стивен Сегал, лидерот на „Ноќните волци“ Александар Залдостанов познат и како “„хирургот“.

Руските производители на автомобили за оваа пригода го адаптираа претседателскиот автомобил Аурус Сенат, а на пат кон палатата на Кремљ, претседателската лимузина беше придружувана од новите електрични мотоцикли Аурус.

Инаку во сигналот пред инаугурацијата на Путин, Министерството за одбрана објави планови за вежби за симулирање на употреба на тактичко нуклеарно оружје, нарекувајќи ги вежбите одговор на, како што рече, „провокативните изјави и закани“ од западните официјални лица, наведува РСЕ.

Според медиумот наследството на Путин е исцрпено од исходот на рускиот конфликт со Украина, велат аналитичарите: ако не целосна победа, тој сака некој друг резултат што ќе му овозможи да постигне победа. Тоа, плус западните напори да го спречи потчинувањето на Украина, значи дека воинствената реторика ќе продолжи.

Покрај тоа, предупредуваат други експерти, Кремљ и воените команданти може да бидат охрабрени да ги предизвикаат НАТО и Соединетите Држави на друго место или на други начини, во зависност од текот на војната и како западните нации се колебаат во нивната поддршка за Украина.

Некои европски лидери сугерираат дека Кремљ можеби е доволно уверен за директно да го тестира НАТО, за да види како и дали алијансата навистина ќе одговори на конфронтациите од руска страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот