Анчелоти пред реваншот со Баерн: Ова се мечеви кои не сакате да ги пропуштите

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти/фото: EPA-EFE/J.J. GUILLEN

За в среда од 21.00 часот е закажана нова епизода од големата европска класика помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен. Овој пат во реваншот од полуфиналето во фудбалската Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“.

На првиот меч во Минхен беше 2:2, Реал го дочекува овој натпревар како новокрунисан шампион на Шпанија, додека Баерн ја загуби титулата во Бундеслигата по една деценија доминација. Тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти е полн со почит кон баварскиот гигант.

– Мислам дека нашите клубови се слични. Тоа се клубови со длабока традиција, кои имаат многу историја во фудбалот. Мора да ги почитувате противниците, особено во оваа фаза, а особено оној како Баерн. Ова се натпреварите кои не сакате да ги пропуштите – изјави Анчелоти.

Тој откри дека и покрај враќањето на голманот Тибо Куртоа, местото меѓу стативите најверојатно ќе застане Андреј Лунин.

– Доколку не се предомислам, Лунин ќе биде на голманската позиција. Планот со Куртоа е да му даде повеќе време преку тренинзите – вели стратегот на шпанскиот клуб.

Најискусните како Лука Модриќ, Тони Крос, Дани Карвахал и понатаму имаат место во составот, иако со намалена минутажа.

– Времето минува и понекогаш е потребно играчите да менуваат клубови. Сепак, јасно е дека клучот за успехот сите овие години е тоа што имаме играчи како Модриќ, Карвахал, Начо, кои сè уште се тука. Тие навистина помогнаа успешно да се спроведе смената на генерации – рече Анчелоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот