фото: facebook.com/chessclubalkaloid

Габриела Коскоска и Тони Лазов од Алкалоид се новите македонски шампиони во шах

Габриела Коскоска и Тони Лазов, членовите на клубот Алкалоид се новите македонски шаховски шампиони.

Коскоска по неколку години пауза се врати во настапите во поединечка конкуренција откако во последните неколку години беше дел само од екипните првенства.

Женскиот интернационален мајстор Коскоска во девет партии успеа да запише осум бодови, со учинок од седум победи, а два пати реизираше.

Кај мажите Интернационалниот мајстор Тони Лазов дојде до титулата шампион, до првата позиција дојде со 7,5 поени по девет кола.

Лазов во последните две кола оствари две важни победи против Филип Панчевски и Антон Златков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот