Хрватска/HNS

Хрватите го избраа наследникот на Златко Далиќ

Легендарниот Славен Билиќ ќе биде нов селектор на хрватската репрезентација, наследувајќи го Златко Далиќ на кормилото на „коцкестите“.

Порталот „Спортске новости“ утрово објави дека е постигнат договор меѓу Хрватскиот фудбалски сојуз и Билиќ, кој повторно ќе го преземе националниот тим.

Билиќ се враќа на селекторската функција по повеќе од една деценија. Хрватска ја предводеше во периодот од 2006 до 2012 година, кога оствари неколку значајни резултати и остави силен белег во историјата на репрезентацијата.

Според информациите, тој ќе потпише договор до завршувањето на Европското првенство во 2028 година. На селекторската позиција доаѓа по богата меѓународна тренерска кариера, а последните две години беше без ангажман, откако се раздели со клуб од Саудиска Арабија.

Во текот на својата тренерска кариера најдолго работеше во Англија, каде што најголем успех имаше со Вест хем. Ги предводеше и Вест бромвич албион и Вотфорд, а беше тренер и на Бешикташ, Локомотив Москва, како и на клубови од Саудиска Арабија и Кина.

Хрватските медиуми наведуваат дека Билиќ веќе го формирал својот стручен штаб, иако засега не се откриваат имињата на неговите соработници.

Пред него е сериозен предизвик да ги продолжи успесите што ги остави Далиќ, но и да започне нов циклус без Лука Модриќ.

Девојката на Ерлинг Халанд откри како почнала нивната љубов: „Прво ми се допаѓаше неговиот најдобар другар“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот