ВИДЕО | Од медицинска препорака до љубов – Ова е 27 години помладата партнерка на Шварценегер
Актерот Арнолд Шварценегер (78) се појави на Светскиот самит во Австрија (Austrian World Summit) во Виена, а она што оособено го привлече вниманието е дека тој не беше сам, туку со својата долгогодишна партнерка Хедер Милиган (51).
Препорачано
На самитот, меѓу останатите присутни, беа и поранешната потпретседателка на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, како и претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен.
Иако Милиган главно го избегнува медиумското внимание и покрај долгогодишната врска со светски познатиот актер, овојпат таа се појави покрај Шварценегер за заедно да ја поддржат неговата климатска иницијатива „Schwarzenegger Climate Initiative“.
Парот ретко се појавува заедно во јавноста, а последен пат беа снимени на црвениот тепих по повод премиерата на втората сезона на серијата на Нетфликс, „Fubar“.
Како започна нивната љубовна приказна?
Шварценегер и Милиган се во врска од 2012 година, а нивната приказна започна на необичен начин – преку медицинска препорака.
Имено, за време на подготовките за снимањето на акциониот филм „Escape Plan“ од 2013 година, во кој глумеше заедно со Силвестер Сталоне, актерот по операција на рамото бил упатен на физикална терапија. Милиган, која тогаш работела како специјалист за физикална терапија и соработувала со професионални спортисти, му била препорачана како една од најдобрите во својата професија.
Иако нивниот однос на почетокот бил исклучиво професионален, Шварценегер подоцна ја контактирал по завршувањето на терапијата и снимањето на филмот, па ја поканил на вечера, што го означило почетокот на нивната врска.
„Таа е можеби најдобриот физиотерапевт во светот“.

Актерот во повеќе наврати јавно зборуваше за својата партнерка, истакнувајќи колку ја цени нејзината независност и посветеност на работата.
„Мислам дека исклучително ја ценам. Го сакам тоа што го работи и што е самостојна. Неверојатно е посветена и амбициозна“, изјави Шварценегер во едно интервју.
Во посебно видео обраќање, тој исто така го нагласи нејзиниот професионализам и почетокот на нивното познанство.
„Хедер Милиган не е само моја девојка, таа е и врвен физиотерапевт, можеби и најдобриот во светот. Токму така и се запознавме – таа ми помогна да го заздравам рамото“, изјави актерот.
ФОТО | Крвта не е вода – синот на Арнолд Шварценегер победи на својот прв натпревар во бодибилдинг


