На пет места низ Македонија попладнево горат пожари на отворено
На територијата на Македонија до 18:00 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет сè уште се активни, два се ставени под контрола, а седум се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Препорачано
Според најновите податоци, активни се пожарите во Општина Илинден кај селото Мршевци, каде што гори сува трева, во Општина Босилово кај селото Секирник, каде што е зафатена депонија, како и во Општина Чашка кај селото Војница, каде што огнот зафатил нискостебелна деградирана шума и сува трева.
Пожари се активни и во кавадаречкото село Шивец, каде што гори сува трева, како и во штипското село Долани.
Под контрола се ставени пожарите на градската депонија во Демир Хисар и на депонијата кај селото Железница во Општина Кратово.
Во текот на денот противпожарните екипи успеале целосно да изгаснат седум пожари. Интервенции имало кај католичките гробишта во Битола, во селото Мало Коњари и во близина на средното училиште „Орде Чопела“ во Прилеп, во тетовското село Непроштено, како и на три локации во Гостивар.
Пожарот кај Штип е изгаснат, очевидец тврди дека е подметнат


