ВИДЕО: Минесота го понижи Денвер во „Бол Арена“ за 2:0 во полуфиналето на Западот

фото: EPA-EFE/DUSTIN BRADFORD

Нов „брејк“ на кошаркарите на Минесота откако на гости во „Бол Арена“ со 106:80 го совладаа актуелниот НБА шампион Денвер за водство од 2:0 во полуфиналната серија на Западната конференција.

По двата порази на домашен терен, на Нагетс ќе им треба чудо за да направат пресврт во серијата и да го продолжат походот по титулата.

Тимбервулфс имаат шанса пред своите навивачи во следните два натпревари да остварат победи и обезбедат пласман во финалето на Западот.

Најефикасни во редовите на Минесота беа Карл Ентони Таунс и Ентони Едвардс со по 27 постигнати поени.

На спротивната страна прв стрелец беше Ерон Гордон со 20 поени, следен од Никола Јокиќ кој беше блиску до нов „трипл-дабл“ учинок (по 16 поени и скокови, и осум асистенции).

Третиот меч ќе се игра во Минеаполис в сабота од 03.30 часот по македонско време.

Играчите на Њујорк поведоа со 1:0 во полуфиналето на Источната конференцијата по триумфот над Индијана со 121:117.

Најзаслужен за победата на Никси беше Џејлен Бронсон кој реализираше 43 поени, а кај Пејсерси доминираше Мајкл Тарнер со 23.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот