ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Миа Костова: Јас сум тип на човек што не знае да излаже, дури и кога сум за тоа платена

Миа Костова- инфлуенсерка / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Во оваа епизода на „Слободно со Агнеса“ ќе се дружиме со девојката од емисијата за млади „99 Action“, поранешната ТВ-водителка и инфлуенсерка Миа Костова. Со статус на доста влијателна личност во социјалните мрежи, Миа Костова секојдневно ги „храни“ своите следбеници со инспиративни и охрабрувачки моменти од нејзиниот животен стил. Својот инстаграм-профил го користи како платформа за споделување модни трендови, совети и заткулисни приказни од нејзиниот живот.

Миа истакнува што треба да поседува еден човек за да изврши некакво влијание врз луѓето што имаат доверба во таа личност и дали е лесно да се биде инфлуенсер.

– Кога некој ќе ме праша: „Што треба да имаш за да имаш инфлуенс на луѓето?“, јас велам: „Чиста искреност“. Треба да имаш многу време да им се посветиш на сите тие следбеници што имаат прашања и потпрашања за секаков тип производ, процедура или што било. Јас сум тип човек што не знае да излаже, дури и кога сум за тоа платена. Кога тестирам производ, сакам да го користам производот што го препорачувам, сакам да имам искуство со место кај што сум била поканета, да патувам, го кажувам онака како што е, и мислам дека тоа е една од работите што ме врзува за моите следбеници – вели Миа за „Слободно со Агнеса“.

Миа Костова- инфлуенсерка / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески
Миа Костова- инфлуенсерка / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Сепак, патот до нејзините достигнувања не бил лесен… Миа Костова е горда самохрана мајка, која живее од инфлуенсерство. Но, нејзината вистинска сила доаѓа до израз и во борбата за менталното здравје. Миа отворено ни ја сподели својата лична битка со анксиозноста и депресијата, при што го крена гласот за надминување на стигмата што постои околу менталното здравје. Со својата отвореност и транспарентност, Миа инспирира илјадници следбеници за прифаќање на самите себе и љубовта кон себе, независно од предизвиците што ги става животот пред нив.

– Во последната година, особено кон четириесеттата, многу чудно, направив толку силна селекција на пријатели, на луѓе што се движат во мојата околина, многу тешко прифаќам да се појавам некаде ако не ми вика така срцето и душата, во моментот, менталната состојба. Бидејќи јас сум анксиозен тип по природа, сите тие што ме следат, знаат дека знам да имам подеми и падови кога е во прашање моето ментално здравје, знам да бидам многу долу, знам да не можам да станам од кревет со недели, знае да ми е постојано лошо, но во тие моменти имам психолог – вели Миа.

Во продолжение, изгледајте го целиот разговор со Миа Костова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот