Рецепт за лепињи со јогурт и сирење од рерна – без капка масло: Готови за 10 минути!

Фото: Pxfuel

Домаќинките знаат колку може да биде заморно да планираат и да подготвуваат три или повеќе оброци секој ден.

Понекогаш се чини дека навистина веќе не знаеме што да готвиме или месиме, а потоа се појавува рецепт што нè воодушевува и ни ја враќа волјата за нови кулинарски деликатеси.

Еден таков рецепт е пред вас и сигурно ќе ви се допадне, со оглед на тоа што лесно се подготвува, брзо се пече и што е најважно, не дебелее.

Овие лепињи се совршени сами по себе, со сирење и јогурт или слатки со крем или џем.

Состојки:

– 500 грама брашно
– 1 јајце
– 250 мл топла вода
– 5 грама сув квасец
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка шеќер

За премачкување:

– 1 жолчка од јајце
– 100 мл јогурт
– малку сол
– 1 лажица масло

Подготовка:

Се мешаат брашното, јајцето, водата, квасецот, солта и шеќерот и се меси меко тесто. Оставете го покриено околу половина час на топло место за убаво да нарасне и да се удвои.

Потоа набрашнете ја работната површина и поделете го тестото на еднакви топчиња. Секое од нив расукајте го, па ставете го во плех обложен со хартија.

Измешајте ги жолчките, јогуртот, маслото и солта. Со смесата премачкајте ги лепчињата. Одозгора изрендајте сирење, па оставете да отстои околу 10 минути. Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.

Печете 5 минути на 220 степени, па уште 4 минути на 180 степени. Послужете топли лепчиња, со павлака, јогурт, салата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот