ВИДЕО: Ришарлисон го има најубавиот гол на Светското првенство во Катар

фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Во првото коло од групната фаза на Мундијалот, бразилскиот репрезентативен напаѓач Ришарлисон беше двоен стрелец против Србија.

Фановите избраа, гласаа, Ришарлисон го има најубавиот гол на Светското првенство во Катар.

Освен играчот на Тотенхем, во конкуренција за најубав гол на СП беа и Нејмар и Килијан Мбапе.

Ришарлисон севкупно запиша три погодоци на СП, еднаш се запиша во листата на стрелците и против Јужна Кореја во осминафиналето (4:1).

Бразилците иако се сметаа за главни фаворити за трофејот, беа елиминирани во четвртфиналето од Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот