ВИДЕО: Мелем на вкусови, храна во тегли за заштита на животната средина

Во продавницата Мелем на вкусови/Фото: Слободен печат

Дипломирана економистка и археолог во време на пандемија и економска криза донесуваат одлука за самовработување и со нивните активности да дадат придонес во намалувањето на употребата на пластика за пакување, за сметка на употребата на материјали за реупотреба. Така неодамна настанала продавницата „Мелем од вкусови“, каде што здрави намирници се продаваат во тегли, кои потоа се враќаат назад.

– Првичната цел беше да им овозможиме на луѓето здраво да се хранат, без да имаат изговор дека немаат време да приготвуваат здрави салати и оброци за ручек. Веднаш знаевме дека нема да користиме амбалажа од пластика, затоа што не сакаме да ја загадуваме животната средина, но и затоа што вкусот во стаклена амбалажа е поубав. Првичната идеја ни беше да употребуваме биоразградливи чашки, но се откажавме од таа идеја затоа што беше тешко да се увезат од Астралија или Кореја, вели Андријана, една од основачките на „Мелем на вкусови“.

Таа нагласува дека од исклучителна важност е соработката со невладините институции кои го поддржуваат развојот на малите бизниси, а особено жените претприемачки.

Центарот за управување со промени им помогнал да креираат сопствена интернет страна, со која што велат значително им се зголемила посетеноста и побарувачката на проеиводите.

Ана, која е дипломиран археолог вели дека не било тешко да ја сменат професијата, бидејќи и на нив како и на сите други жени на Балканот кулинарството им е втора професија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот