Куп на Македонија: Вардар во полуфиналето против Алкалоид

фото: РФМ

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се одржа извлекување на полуфиналните парови од Ф4 куп на Македонија во машка и женска конкуренција.

Ракометарите на Вардар кои се актуелни шампиони во ова натпреварување, во полуфиналето ќе ги одмерат силите против Алкалоид.

Во втората полуфинална пресметка Еурофарм Пелистер ќе игра против екипата на Тиквеш 2014.

Кај жените бранителот на трофејот Куманово за ривал го доби Ѓорче Петров, додека Вардар ќе се соочи против Чаир.

Натпреварите од Ф4 турнирот во Купот се закажани за периодот од 17-19 мај 2024 во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот