Фото: КФСМ

Со убедлив пораз во Суботица згасна сонот на МЗТ за враќање во АБА лигата

Македонскиот претставник, МЗТ Скопје не успеа да стигне до големото финале на второто, според квалитет, регионално натпреварување – АБА 2 лигата. Аеродромци беа поразени од суботички Спартак (98:64) и во реванш-средбата одиграна вечерва во Суботица.

Вториот финалист во ова издание на АБА 2 лигата во оваа серија беше најавена уште на средбата во Скопје, во која Спартак беше подобар за пет поени (78:73).

Но дилемите ги снема уште по првото полувреме од вториот натпревар одигран вечерва во Суботица. Односно 20.минути во кои домашната екипа, која и важеше како фаворит во оваа серија, „побегна“ на плус од 25 поени. На полувремето, Спартак водеше со недостижни (57:32).

Разлика направена во втората четвртина во која популарните „сини гулаби“ ја добија со (32-12).

Со оглед на тоа дека веќе за неколку дена ги чека продолжението од полуфиналето во македонскиот плеј-оф, тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Васко Атанасов, се одлучи да ги остави на клупата оние играчи кои зад себе имаат голем број на минути.

Во прв ред, Војдан и Дамјан Стојановски, потоа и Танасковиќ, односно Баковиќ, а поголем „простор“ добија Андоноски и Миловановиќ.

На простувањето со оваа сезона од регионалното натпреварување, Ворку беше првиот и единствен играч на МЗТ Скопје Аеродром кој ја премина бројката од десет реализирани поени.

Со оваа победа екипата на Спартак и се придружи на новосадска Војводина во финалето на АБА 2 лигата, која во втората полуфинална серија успеа да излезе како победник против Подгорица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот