Луѓето кои работат во овие професии најчесто се разведуваат, а само во две земји во светот е забранет разводот

Unsplash
Фото: Unsplash

Студија спроведена за 2024 година покажува нови податоци за разводите на браковите. Статистичките податоци се однесуваат на САД, а истражувањето е објавено во „Форбс“.

Според студијата, процентот на разводи е поголем кај паровите кои живееле заедно пред бракот. Повеќето луѓе го обвинуваат партнерот за разводот. Имено, 66 отсто од разведените мажи сметаат дека другата страна требало повеќе да се потруди да го сочува бракот, додека истото го мислат 74 отсто од жените.

Исто така, ризикот од развод се зголемува за 75 отсто ако паровите имаат разведени пријатели. Многу луѓе по разводот повторно влегуваат во брак, а веројатноста за распад на бракот се зголемува со секое следно повторно стапување во брак. Дури 73 отсто од третите бракови завршуваат со развод. Разведените луѓе поретко повторно се смируваат, па така, 6 отсто од разведените парови повторно ќе се венчаат еден со друг.

Дури 40 отсто од браковите вклучуваат барем едно лице кое претходно било во брак.

Паровите кои стапуваат во брак пред 32-та година од животот имаат помали стапки на разводи.  Паровите кои стапуваат во брак на 25 години имаат 50 отсто помали шанси да се разведат во споредба со паровите кои стапуваат во брак на 20 години – но за оние кои стапуваат во брак по 32-годишна возраст, стапките на развод се зголемуваат за 5 отсто годишно сè до возраста кога стапуваат во брак.

Што се однесува до земјите во светот, Шри Ланка е држава со најниска стапка на разводи во светот, а Филипините, заедно со Ватикан, се единствената земја каде разводот е незаконски.

Што се однесува до професиите, келнерите и стјуардесите имаат највисока стапка на разводи, додека актуарите (стручни лица, едуцирани од областа на: математика, статистика, финансии) и физичарите имаат најниска стапка на разводи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот